Цел на Одржлив Развој 14
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 14 – Живот под вода
Подводен живот – Одржливо зачувување и користење на океаните, морињата и поморските ресурси за одржлив развој
Загадувањето со пластика веќе долго време се случува не само на површината на земјата, туку исто и во водата и во воздухот. Сепак, морињата и океаните се најпогодените од милиони тони човечки отпад. Случаите со мртви животни стануваат се почести, а во големите морски цицачи се наоѓаат огромни количини пластика, што е и најверојатната причина за нивната смрт.
Со текот на времето, рибите и копнените животни кои јадат риби ќе се соочат со глад и ќе почнат да изумираат бидејќи залихите од риба се намалуваат. Колку што повеќе површина од вода е погодена од загадувањето, толку е поголема веројатноста тоа да има влијание врз целиот синџир на исхрана. Наскоро, водните птици како пеликаните и други ќе почнат да изумираат, исто како и копнените животни како алигатори и слично. Освен рибите што живеат таму,има толку многу други суштества кои зависат од изворите на вода, што понекогаш може да биде тешко да се помисли на сите нив. Цели живеалишта и екосистеми се уништуваат од ваквиот тип на загадување.
Загадувањето на водата сега уништува цели екосистеми насекаде низ светот. Мочуриштата исчезнуваат како резултат на загадувањето на седиментите а океаните се загадуваат се повеќе и повеќе бидејќи секаков отпад и ѓубре се фрла во нив. Колку повеќе ги загадуваме нашите извори на вода, толку е поневеројатно дека ќе продолжиме да ги гледаме сите тие различни живеалишта и екосистеми кои некогаш постоеле на нашата планета. И кога живеалиштата ќе исчезнат, и животните кои некогаш живееле таму ќе исчезнат исто така- или ќе мора да се преселат. Отпадот проголтан од водните суштества може да ги убие или да предизвика сериозни оштетувања многу брзо.Некои суштества кои живеат во вода дури се знае дека имаат отпадоци или школки во телото после некое време. Ова е тажната вистина за светот со загадени води во кој живееме сега.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Човековата активност најчесто води до загадување на водните басени – океани, мориња, езера, реки, подземни води, а згадувањето на водата е секоја промена во физичките, хемиските или биолошките својства на водата кои имаат многу штетно влијание врз секој жив организам.
Тешките метали од индустриските прцеси можат да се акумулираат во блиските езера и реки. Тие се токсични за поморскиот живот како рибите и школките а можат да влијаат и врз остатокот од синџирот на исхрана. Ова значи дека цели животински заедници можат да бидат сериозно погодени од овој вид на загадувач. Индустрискиот отпад често содржи многу токсични соединенија кои му штетат на здравјето на водните животни и оние кои ги јадат. Некои токсини влијаат на репродукцијата на поморските животни и токму поради тоа можат да ја нарушат структурата на водната средина. Микробиолошките загадувачи од отпадните води често предизвикуваат заразни болести кои го инфицираат подводниот и копнениот живот преку водата за пиење. Ова често го зголемува бројот на смртни случаи во околината.
Органските материи предизвикуваат зголемување на бројот на аеробни алги кои го црпат кислородот од водата. Ова се нарекува еутрофикација и предизвикува задушување на рибите и другите водни организми. Сулфатните честички од киселите дождови ја менуваат ph вреддноста на водата. правејќи ја покисела, со што го оштетуваат водниот свет во реките и езерата, а тоа често доведува до смрт на живите организми во околината.
Отпадните честички често може да го намалат количеството на сончева светлина што влегува во водата, нарушувајќи го растот на фотосинтетичките растенија и микроорганизми. Ова има последователен негативен ефект врз останатите водни жители, кои пак од друга страна зависат од опстанокот на овие организми. Она што е важно за развојот и образованието на учениците е преку еколошки активности и предавања да се спасат океаните и морињата од загадување и да се заштитат нивните флора и фауна. Учениците треба да знаат кои човечки активности предизвикуваат загадување на морињата, океаните и реките.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 14 – Живот под вода
Сиромаштијата не е само немањето приход кој ќе ни овозможи сигурен секојдневен живот. Сиромаштијата вклучува глад и неухранетост, недостапност или ограничен пристап до образование, бездомништво, лоши и несоодветни услови за домување, лошо здравје, зголемена смртност, социјална дискриминација и изолација и ограничено учество во носењето одлуки.
Иако сиромаштијата е стара колку и човештвото, нејзината слика и граници постојано се менуваат. Таа е присутна во сите општества, иако во поразвиените бројот на сиромашните граѓани е помал од оној во неразвиените делови од светот, каде граѓаните се соочуваат со неа дури во нејзините екстремни форми.
Повеќе од десет проценти од светското население живее во екстремна сиромаштија. Екстремна сиромаштија значи дека луѓето не можат да си овозможат вода за пиење, барем еден оброк на ден, облека, чевли и едноставно место за живеење. Границата на екстремната сиромаштија е одредена според износот поставен од Светска Банка во 2018 година и изнесува 1.90 американски долари по лице на ден (помалку од 13 кн.).Во тоа време, 8 проценти од вработените во светот живееле во екстремна сиромаштија.
Искоренувањето на сиромаштијата е првата цел на одржлив развој, една од најпредизвикувачките цели на одржливиот развој. Земјите членки на Обединетите Нации се целосно посветени на ставањето крај на сите форми и димензии на сиромаштијата, вклучувајќи ја и екстремната сиромаштија, до 2030 година. Оваа предизвикувачка цел беше дополнително оптоварена со глобалната криза предизвикана од пандемијата со КОВИД 19 и економскиот пад предизвикан од пандемијата. Пандемијата со КОВИД 19 втурна милиони вработени луѓе во невработрност и сиромаштија. Уште пред почетокот на глобалната пандемија со КОВИД 19, се претпоставувало дека и покрај напорите за постигнување на првата цел од одржлив развој, 6 проценти од светското население во 2030 година ќе продолжи да живее во екстремна сиромаштија, што значи дека целта нема да биде постигната.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 14 – Живот под вода и стекнувањето на вештини на 21 век
Забрзување на еколошката промена
Пандемијата со КОВИД – 19 не потсети дека добросостојбата на луѓето, и пошироко, на сите живи организми – зависи од природата. Биодиверзитетот, екосистемите и нивната кревка рамнотежа мора да се сочуваат. Активностите од областа на водата, отпадот и енергијата се директно поврзани со природната средина (воздух, вода и почва) и придонесуваат за заштитата на животната средина, особено со прочистување на водите во реките и намалување на загадувањето на почвата.
Прочистувањето на водата во природната средина се врши преку третман на отпадните води и заштита на растенијата и дивиот свет.
Повторна употреба на отпадните води со цел да се заштитат ресурсите и водната средина: во региони каде има недостиг од вода треба да се рециклираат отпадните води и да се обезбеди долгорочно снабдување со вода за пиење. После прочистувањето, оваа вода се користи во производствените процеси на локалната индустрија.
Собирање и повторна употреба на пластика во борбата против загадувањето на земјиштето и водата и климатските аномалии, претварајќи го отпадот во ресурси.
Рециклирање на опасниот отпад за да се спречи загадување на животната средина (воздух, вода и почва) од најсилните загадувачи; да се ограничи нивното влијание врз околината колку што е можно повеќе, на пример со затварање на рудници.
Да се користат решенија со ограничена употреба на јаглерод за да се намалат емисиите на штетни гасови кои ги поттикнуваат климатските аномалии и го уништуваат биодиверзитетот.
Развивање систем за компостирање на органски отпад за збогатување на почвата на еколошки начин: ѓубриво од урбан отпад за да се направи почвата поплодна.
Обновување на екосистемите за заштита на природната средина, адаптација на последиците од климатските аномалии (како што се поплави или суши) и заштита на ресурсите што ни ги нуди природата (вода, воздух, храна итн.)
Подобрување на квалитетот на водата и обновување на биодиверзитетот.
Дизајнирање на еколошки средини за решавање на еколошките и социјалните прашања и давање допринос кон благосостојбата на заедниците.