Цел на Одржлив Развој 16
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 16 – Мир, правда и силни институции
Шеснаесеттата цел на Одржливиот Развој е една од седумнаесетте цели на Одржлив Развој поставена од Обединетите нации во 2015 година. Официјалната формулација е „ Промовирање на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив раазвој, обезбедување правда за сите и градење на ефективни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа“. Оваа цел има 12 сопствени таргети за постигнување до 2030 година. Напредокот на целите ќе се мери со 23 индикатори.
Таргетите се:
Цел 16.1: Намалување на насилството насекаде
Цел 16.2: Заштита на децата од злоупотреба, експлоатација, трговија со луѓе и насилство
Цел 16.3: Промовирање на владеењето на правото и обезбедување еднаков пристап до правдата
Цел 16.4: Борба против организиранииот криминал и незаконското снабдување со финансии и оружје
Цел 16.5: Значително намалување на митото и корупцијата
Цел 16.6: Развивање на ефективни, одговорни и транспарентни институции
Цел 16.7: Обезбедување на одговорно, инклузивно и репрезентативно одлучување
Цел 16.8: Зајакнување на учеството во глобалното вледеење
Цел 16.9: Обезбедување на универзален правен идентитет
Цел 16.10: Обезбедување на јавен пристап до информациите и заштита на фундаменталните слободи
Постојат исто и два начина за постигнување на целите:
Цел 16.а: Јакнење на националните интитуции за спречување на насилството и борба против криминалот и тероризмот
Цел 16.б: Промовирање и спроведување на недискриминаторски закони и политики
Намалувањето на насилниот криминал, сексуалната трговија, принудната работа и злоупотребата на деца се јасни глобални цели. Меѓународната заедница ги вреднува мирот и правдата и повикува на посилни судски системи кои ќе ги спроведуваат законите и ќе тежнеат кон помирно и поправедно општество.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Подучувањето за прашањата поврзани со Шеснаесеттата цел на Одржливиот Развој е најдиректниот начин за придонес кон оваа цел. Во однос на наставните програми, студите за мирот и конфликтите се меѓу најанализираните придонеси, што е вообичаено посредување во контекст на погоденоста од конфликти. Центрите за образование и обуки поврзани со мирот се присутни во многу слаби средини, вклучувајќи ги Авганистан, Сомалија, Централноафриканската Република и Судан / Јужен Судан каде има најмалку десет центри за мир и конфликти / развојни студии кои произлегуваат од Севкупниот Мировен Договор. Додека новите нивоа на мир и управување поттикнуваат стручни размислувања, лоцирањето на овие предмети во една единствена дисциплина го намалува потенцијалот за едуцирање на критичната маса ученици и се соочува со пречки во воспоставувањето нови дисциплини. На пример, во Сирија, академската култура ги кочи таквите нови наставни програми, со општ „впечаток на исмавање на сите прашања поврзани со општествените науки, мирот, управувањето и владеењето на правото“. Наместо да се оддели влијанието на мирот само во една програма, прашањата поврзани со конфликтите и владеењето можат да се интегрираат низ наставните програми. Целите на Одржлив Развој претставуваат холистичка рамка, а образованието може да го поттикне критичкото размислување да ги надмине дисциплинарните и секторските граници.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 16 – Мир, правда и силни институции
Светот е сеуште многу далеку од постигнувањето на целта на градење мирни, праведни и инклузивни општества, со тоа што милиони луѓе живеат во ранливи држави погодени од конфликти. На крајот на 2019 година, 79,5 милиони луѓе биле принудно раселени ширум светот, што е еднакво на еден процент од вкупното население. Пандемијата со КОВИД 19 ги прикажа нееднаквостите и дискриминацијата, а во некои територии и земји ги стави на тест, ги ослабна или сосема ги уништи правата и системите за заштита. Обединетите Нации бележат 69.276 смртни случаи на цивили во 12 од светските најсмртоносни вооружени конфликти во периодот помеѓу 2018 и 2020 година. Во 2020 година имало пет убиени цивили на 100 000 жители, од кои еден од седум биле жена или дете. Насилството врз децата беше широко распространето и пред пандемијата, погодувајќи ги жртвите без оглед на богатството или социјалниот статус. Според достапните податоци од 2012 година до 2020 година, во 77 земји и територии со претежно ниски или средни примања, 8 од 10 деца на возраст од 1 до 14 години биле изложени на некаква форма на психолошко насилство или физичка казна во домот. Во 2018 година, 5 од 10 жртви на трговија со луѓе регистрирани на глобално ниво биле жени, а 2 од 10 биле девојчиња. Покрај тоа, околу една третина од сите регистрирани жртви биле деца.
Околу 50 проценти од регистрираните жртви биле продавани заради сексуална злоупотреба, а 38 проценти за принудна работа. Зголемениот пораст на невработеност предизвикан од пандемијата веројатно ќе ја зголеми трговијата со луѓе. Податоците од повеќе од 120 држави и територии покажуваат дека луѓето кои живеат во земји со ниски приходи се најизложени на поткуп. Според последните достапни податоци за периодот од 2011 година до 2020 година, просечната распространетост на поткуп во државите и териториите со ниски приходи е 37,6 проценти, споредено со 7,2 проценти во државите и териториите со високи приходи. Податоците од 145 држави и територии анкетирани во периодот меѓу 2006 година и 2020 година покажуваат дека еден од шест бизниси ширум светот е предмет на побаување од јавни службеници за барање поткуп. На глобално ниво, до јануари 2021 година, 31,1 процент од пратениците се на возраст до 45 години или помалку, што е повеќе од 28,1 процент во 2018 година. Мажите парламентарци остануваат предоминантни на лидерските позиции спикери во парламент или претседатели на комисии. Во 2020 година, Обединетите Нации открија 331 убиство на бранители на човекови права во 32 држави и територии, што е за 18 проценти зголемено од 2018 година и 19 насилни исчезнувања во 14 држави и територии. Жените чинат 13 проценти од убиените жртви и 22 проценти од оние кои насилно исчезнале. Вкупно 62 новинари биле убиени во 2020 година, споредено со 57 во 2019 година, со 65 проценти нив убиени во безконфликтните држави и територии. Во периодот од февруари, 2021 година беа донесени закони за пристап до информации во 127 држави и територии, иако спроведувањето на тие закони можеше да се подобри. Многу држави и територии се обидоа да ги стават на располагање информациите во врска со инфекциите од КОВИД 19, како и склучувањето договори за опрема за итни случаи и доделувањето на пакети за помош и олеснување на финансирањето. Досега, само со вистински цели како што се значително намалување на сите форми на насилство и стапката на смртност насекаде, ставањето крај на злоупотребата, експлоатацијата и трговијата со луѓе и сите форми на насилство и тортура врз децата, промовирање на владеењето на правото на национално и интернационално ниво и обезбедување на еднаков пристап до правдата за сите, значително намалување на незконското снабдување со оружја и финансии до 2030 година, враќање на украдени предмети и имот и борба против сите форми на организиран криминал, значително намалување на митото и корупцијата во сите нивни форми, развивање на ефективни, одговорни и транспарентни институции на сите нивоа, обезбедување на одговорно, инклузивно, партиципативно и репрезентативно носење на одлуки, проширување и зајакнување на учеството на земјите во развој во институциите на глобално управување, обезбедување на правен идентитет за сите и регистрирање на сите новородени до 2030 година, обезбедување на јавен пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, зајакнување на релевантните национални иституции во согласност со националното законодавство и меѓународните договори вклучувајќи и меѓународна соработка за изградба на капацитети на сите нивоа, особено во земјите во развој, спречување на насилството и борба против тероризмот и криминалот, промовирање и спроведување на недискриминаторски закони и политики на одржлив развој, ќе бидеме на вистинскиот пат да обезбедиме мир, правда и силни институции за сите нас.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 16 – Мир, правда и силни институции и стекнувањето на вештини на 21 век
Некои од вештините на 21 век постоеле уште пред појавата на модерните технологии и можеле да се изучуваат без технолошка поддршка. Критичкото размислување и решавањето на проблеми отсекогаш биле неопходен дел во процесот на учење. Комуникацијата и соработката со векови се важен дел од интерперсоналните односи, но сепак овие вештини добиваат ново значење во дигиталниот свет на 21 век. Вештините на 21 век ги сочинуваат две подгрупи: информатички вештини – педагошки и етички- и вештини од повисок ранг: критичко размислување, креативност, решавање на проблеми, учење со само-прилагодување, комуникација и соработка. Користењето на првата подгрупа ефикасно го поттикнува развојот на втората подгрупа на вештини. Во таа смисла, моделот на усвојување на Технологијата на Супституција, Пораст, Модификација и Редефинирање ја класификува употребата на технологијата во две фази: подобрување и транформација. Секоја фаза има два елементи: во првата тоа се супституција и пораст, а во втората модификација и редефинирање. Супституцијата се однесува на употребата на технологијата во задачи кои можат да бидат извршени и без неа, а на повисоиките нивоа се развиваат вештини на длабинско учење, критичко размислување, решавање на проблеми, ефективна комуникација и соработка, промовирани во ефективна и релевантна наставна програма во која мора да бидат вклучени важни теми усогласени и со интересите на учениците и на наставниците. Таквата наставна програма мора да биде ориентирана кон личниот, моралниот и социјалниот развој. Комуникацијата, соработката, критичкото размислување и решавањето на проблеми се значајни вештини за сите и треба да се вклучат во наставната програма, да се подучуваат и оценуваат. Сепак, вештините на 21 век не се дел од наставната програма од разни причини; некои тврдат дека тие не се вклучени бидејќи не можат да се подучуваат, други пак алудираат на недостатокот од време, слабата подготвеност на наставниците и недостатокот од стратегии за подучување на вакви преносливи вештини, а некои посочуваат дека тие не се ефикасно имплементирани.
Интегрирањето на овие вештини во наставната програма веќе некое време е на агендата на некои организации како што се: Организацијата за Економска Соработка и Развој (ОЕСР). УНЕСКО, П21 и други. Развиени се теоретски рамки за дефинирање на овие вештини, но сеуште не е јасно како да се изработи наставната програма, иако се препознава нивната интердисциплинарна природа и потребата од интегрирање на нови методи на настава и оценување. Успешното интегрирање на вештините на 21 век, барем делумно, лежи во рацете на наставниците.