Цел на Одржлив Развој 5
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 5 – Родова еднаквост
Како што објаснуваат Обединетите Нации „ Родовата еднаквост не е само фундаментално човеково право, туку е и потребна основа за мирен, просперитетен и одржлив свет“. Официјалната порака на петтата цел на одржлив развој е „ Да се постигне родова еднаквост и да се зголемат овластувањата на жените и девојчињата“. Целите и индикаторите на петтата цел на одржлив Развој се опсежни и овозможуваат еднакви можности за припадничките на женскиот род. Петтата цел на одржлив развој има девет таргети и четиринаесет индикатори.
Цел 5.1: Крај на дискриминацијата против жените и девојчињата
Цел 5.2: Крај на насилствата и експлоатацијата на жените и девојчињата
Цел 5.3: Елиминирање на насилните бракови и осакатувањето на женските гениталии
Цел 5.4: Вреднување на неплатената грижа и поделба на домашните одговорности
Цел 5.5: Обезбедување на целосна вклученост во лидерство и донесување на одлуки
Цел 5.6: Универзален пристап до репродуктивни права и репродуктивно здравје
Цел 5.А: Еднакви права на економски ресурси, сопственост на имот и финансиски услуги
Цел 5.Б: Промовирање на јакнење на овласувањата на жените преку технологијата
Цел 5.Ц: Прифаќање на цврсти политики и применливо законодавство за родова еднаквост
Има напредок во последните неколку децении. Повеќе девојчиња одат на училиште а помалку се присилуваат на рани бракови, се повеќе жени работат во парламентот и на лидерски позиции, а законите се реформираат во прилог на родовата еднаквост. И покрај овие придобивки, многу предизвици се сеуште присутни: дискриминаторските закони и социјалните норми сеуште остануваат доминантни, продолжува недоволното претставување на жените како политички лидери на сите нивоа, а една од пет жени или девојчиња на возраст од петнаесет до четириесет и девет години пријавува психичко или сексуално насилство од својот интимен партнер во период од дванаесет месеци.
Ефектите од пандемијате со КОВИД 19 го забавија и така ограничениот напредок во родовата еднаквост и правата на жените. Ширењето на корона вирусот уште повеќе ги влошува нееднаквостите кај жените и девојчињата во сите сфери, од здравствена и економска до безбедносна и социјална заштита. Пандемијата исто така доведе до нагло зголемување на насилството врз жените и девојчињата. Со мерките за заштита во многу места жените беа затворени дома со своите насилни партнери, не можејќи да остварат контакти со институциите поради рестрикциите и ограничувањата. Загрижувачки се податоците кои покажуваат дека, откако започна пандемијата, насилството врз жените и девојчињата и практично домашното, семејно насилство се интензивирало.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Целите на Одржливиот Развој се идеален филтер преку кој се прошируваат и збогатуваат наставните планови. Наставниците можат да го поттикнат ангажманот во училницата со демонстрирање на влијанието што го има реалниот свет врз предметите кои ги изучуваат нивните ученици. Целите на Одржливиот Развој се корисни ресурси во училницата кои ги продлабочуваат содржините на наставните планови. Тие се во тесна врска со денешните наставни планови и програми и отвараат дискусии за значителен опсег од традиционални наставни предмети како што се географија, биологија, општествени науки, политички науки, економија и други.
Наставниците треба да ги сфатат целите на Одржливиот Развој како можност да ги продлабочат своите наставни планови, а не само како нешто што бара работа поврзана со наставната програма.Исто како и многу други цели на Одржливиот Развој, и Родовата еднаквост е меѓусебно поврзана со другите цели – секоја нивна активност и поддршка придонесува во постигнувањето на родова еднаквост. Соочувањето на образованието со штетните практики, културни норми и форми на маргинализација ќе ни помогне подобро да ги разбереме проблемите со кои се соочуваат жените и девојчињата, правата кои тие ги имаат и одговорноста на нашата влада и нашите институции да ги заштитат. Дополнитено, за општеството воопшто, учењето како да се одвојат сексистичкиот, насилниот и дискриминаторскиот јазик, ставови и однесувања ќе придонесе за промени во нашите општествени и културни разбирања на дискриминацијата и родот.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 5 – Родова еднаквост
Уште од нивното создавање пред седумдесет години, Обединетите Нации постигнуваат значајни резултати во напредокот на родовата еднаквост, од формирањето на Комисија за Статусот на жените- како главно севкупно меѓувладино тело исклучително посветено на промоција на родова еднаквост и зајакнување на жените преку прифаќање на разни договори како што е Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените и Декларацијата и Платформата за акција од Пекинг. Родовите нееднаквости се сеуште длабоко вкоренети во секое општество. Жените страдаат од недоволен пристап до пристојна работа и се соочуваат со професионална сегрегација и родови разлики во платите. Во многу ситуации, тие немаат пристап до основно образование и грижа за здравјето и се жртви на насилство и дискриминација. Тие се недоволно застапени во политичките и економските процеси на одлучување. Со цел за подобро справување со овие предизвици и идентификување на единствен признат двигател кој ќе ги води и координира активностите на Обединетите Нации околу прашањата за родова еднаквост, во 2010 година била формирана Организација на жените во Обединетите Нации.
Организацијата на жените во рамките на Обединетите Нации работи на елиминација на дискриминацијата врз жените и девојчињата, зајакнување на жените и постигнување на еднаквост меѓу жените и мажите како партнери и корисници на развојот, човечките права, хуманитарни акции и мирот и безбедноста. Главните цели кои треба да се постигнат се да се стави крај на дискриминацијата против жените и девојчињата несекаде, да се елиминираат сите форми на насилство врз жените и девојчињата во јавните и приватните сфери, вклучувајќи трговија со луѓе, сексуална и други видови на експлоатација, елиминирање на сите штетни практики како што се детски, ран и присилен брак и осакатување на женските гениталии, препознавање и вреднување на неплатената грижа и домашна работа преку обезбедување на јавни услуги, инфраструктура и политики на социјална заштита и промовирање на споделени одговорности во домаќинството и семејството како национално погодни, обезбедување на целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на сите нивоа во донесувањето одлуки во политичкиот, економскиот и јавниот живот, обезбедување универзален пристап до полово и репродуктивно здравје и репродуктивни права договорени во согласност со Програмата за Акција на Интернационалната Конференција за Население и Развој и Пекингшката Платформа за Акција и произлезените документи од нивните конференции, превземените реформи да им се дадат на жените еднакви права на користење на економските ресурси, како и право на сопственост и контрола на земја и друг вид на имот, финансиски услуги, наследство и природни ресурси во согласност со националните закони, засилување на употребата на применета технологија, посебно информатичка и комуникациска технологија, промовирање на јакнењето на жените и усвојување и зајакнување на здрави политики и спроведливо законодавство за промоција на родовата еднаквост и јакнењето на жените и девојчињата на сите нивоа.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 5 – Родова еднаквост и стекнувањето на вештини на 21 век
Сегашните и идните граѓани се соочуваат со нови предизвици, како зголемување на комплексноста и несигурноста, ширење на економската и културната еднообразност, деградација на екосистемските услови од кои тие зависат и зголемување на ранливоста и изложеноста на природни и технолошки ризици. Соочувањето со комплексните предизвици и сегашната и идната неизвесност се во фокусот на Агендата 2030, а оттука и во фокусот на седумнаесетте цели на Одржлив Развој, првобитно замислени од обединетите Нации, со посебен акцент на четвртата цел на Одржлив Развој: „ Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и де се промовираат можности за доживотно учење за сите“.
Целите на Одржливиот Развој се соочуваат со критички глобални предизвици, и за да ги надминат, на сите (млади и возрасни, мажи и жени, граѓани и професионалци на сите полиња). им се потребни клучни компетенции кои ќе им овозможат конструктивно и одговорно да се ангажираат во денешниот свет и активно да учествуваат во потребните трансформации. Целта е да се промовира севкупно Образование за Одржлив Развој и Образование за Глобално Државјанство преку вештините на 21 век, фокусирано на обезбедување на одржливо образование за идните генерации професионалци. Создавањето знаење, како и неговото усвојување, зацврстување и употреба мора да биде зеадничко за сите луѓе како дел од колективниот општествен труд.