Цел на Одржлив Развој 9
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 9 – Индустрија, Иновации и Инфраструктура
Севкупната цел на Целта на Одржливиот Развој 9 е да се изгради еластична инфраструктура, да се промовира инклузивна и одржлива индустријализација и да се поттикнат иновации. Целта на Одржливиот Развој 9 конкретно наведува дека “Инклузивната и одржлива индустријализација, заедно со иновациите и инфраструктурата, може да ги ослободи динамичните и конкурентни економски сили што овозмажуваат вработување и заработка. Тие играат важна улога во воведувањето и промовирањето на нови технологии,олеснувањето на интернационалната трговија и овозможувањето на ефикасно користење на ресурсите”.
Нејзините 8 таргети се следните:
9.1
Развивање квалитетна, сигурна, одржлива и еластична инфраструктура, вклучувајќи регионална и прекугранична инфраструктура, со подршка на економскиот развој и човечката благосостојба, со фокус на прифатлив и правичен пристап за сите.
9.2
Промовирање инклузивна и одржлива индустријализација, значително зголемување на уделот на индустријата во вработувањата и бруто домашниот производ до 2030, во согласност со националните околности, и дуплирање на нивниот удел во најмалку развиените земји.
9.3
Зголемување на пристапот на индустриите од мал обем и други претпријатија, посебно во земјите во развој, до финансиски услуги, вклучувајќи прифатливи кредити и нивното интегрирање во вредност на синџири и маркети.
9.4
До 2030 да се надгради инфраструктурата и да се доградат индустриите, за да се направат одржливи, со зголемено и ефикасно користење на ресурси, и поголемо присвојување на чисти и еколошко здрави технологии и индустриски процеси, со учество на сите земји во согласност со нивните соодветни способности.
9.5
Подобрување на научните истражувања, надградување на технолошките способности од индустриските сектори во сите земји, особено земјите во развој, вклучувајќи до 2030 и поттикнување на иновации и суштинско зголемување на бројот на истражувања и бројот на работници на 1 милион луѓе и јавните и приватните трошоци за истражување и развој.
9.а
Олеснување на одржливиот и еластичен инфраструктурен развој во земјите во развој преку подобрена финансиска, технолошка и техничка поддршка на Афричките Земји, најмалку развиените земји кои не излегуваат на море и малите островски земји во развој.
9.б
Поддржување на домашниот технолошки развој, истражување и иновации во земјите во развој, вклучувајќи обезбедување на погодна политичка средина за, меѓу другото, индустриска диверсификација и додадена вредност на стоките.
9.в
Значајно зголемен пристап до информациски и комуникациски технологии настојувајќи да се обезбеди универзален и прифатлив пристап до интернетот во најмалку развиените земји до 2020.
https://sdgs.un.org/goals/goal9
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Како што спомнавме, Целта на Одржливиот Развој 9 се фокусира на изградба на еластична инфраструктура, промовирајќи инклузивна и одржлива индустријализација и негување на иновациите. Многу е важно да се сфати улогата која инфраструктурата ја игра во секојдневниот живот на луѓето. Само после оценувањето на моменталната состојба на инфраструктурата може да преминеме на начини како да ја подобриме.
Целта на Одржливиот Развој 9 е важна за образовното општество затоа што ги учи учениците да ги сфатат иницијативите дизајнирани на глобално ниво и потоа да ги применуваат во нивните сопствени заедници. Учењето на Целта на Одржливиот Развој 9 може да има влијание во процесот на донесување на одлуки на учениците и да им помогне да се подготват за да имаат големо влијание на локално ниво во нивната сопствена заедница или роден град.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 9 – Индустрија, Иновации и Инфраструктура
www.un.org/sustainabledevelopment/wp-content/uploads/2019/07/9_Why-It-Matters-2020.pdf
Со оглед на тоа што инвестициите во инфраструктурата, одржливиот индустриски развој и технолошкиот напредок директно влијаат на економскиот раст, социјалниот развој и климатските активности, ние мора да воспоставиме стандарди и да промовираме регулативи кои ќе дадат сигурност дека проектите и иницијативите на компаниите се одржливо менаџирани.
Иновациите и еластичната инфраструктура заедно со еднакво достапните можности за луѓето од сите сфери на животот мора да се направат достапни преку индустријализацијата и одржливиот економски раст.
Глобалното производство бележи остар пад во последните неколку години, а со тоа се задушува и економскиот раст. Динамичната и конкурентна економија која создава вработувања и приход има потреба од инклузивна и одржлива индустријализација, заедно со иновациите и инфраструктурата.
Растот на новите индустрии значи подобрување на животниот стандард за сите засегнати, и не повеќе од луѓето кои живеат во земјите во развој низ целиот свет. Основната инфраструктура како патишта, информатичка и комуникациска технологија, канализација, електрична енергија и вода се ускратени во многу земји во развој. Во 2019 година, околу 87 проценти од луѓето во развиените земји користеле инетнет, споредено со само 19 проценти во најмалку развиените земји. Индустријата е основна компонента која го движи одржливиот развој, и како таква е клучна во ставањето крај на сиромаштијата. Како додаток на тоа, квалитетната здравствена и санитарна заштита како и подобрениот пристап до образование се директно под влијание на подобрената инфраструктура и технолошките иновации. Соработката со невладините организации и јавниот сектор е неопходна за да се помогне промовирањето на одржливиот раст во земјите во развој.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 9 – Индустрија, Иновации и Инфраструктура и стекнувањето на вештини на 21 век
Во денешно време информатичката писменост станува една од значајните вештини кои ученикот треба да ги поседува. Независниот и слободен пристап до информации, оценувањето на изворите на информации, ефективното користење на информациите и нивното вградување во веќе постоечкото знаење треба да имаат огромно значење како за наставниците така и за учениците.И учениците и наставниците исто би можеле добро да бидат посоветувани да научат како да се прилагодат на брзите променливи ситуации во денешното општество. Ова вклучува и развој на критичко мислење и одредена количина на креативност од нивна страна.
Исто така, од витално значење е да се поврзат сценаријата за теоретско решавање на проблеми со нивната примена во реалниот свет во специфични ситуации. Учениците терба да се оспособат да ги понесат со себе вештините за решавање на проблеми кои ние ги врежуваме кај нив во сигурна и безбедна средина и да ги применуваат овие вештини подоцна во нивниот живот како лидери во зедницата и активни придонесувачи за подобрување на општеството.