Цел на Одржлив Развој 10
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 10- Намалени нееднаквости
Десеттата цел на Одржлив Развој има за цел намалување на нееднаквостите во рамките на државите и меѓу државите. Оваа цел на Одржлив Развој повикува на намалување на нееднаквостите во приходите, како и на оние базирани на возраст, пол, попреченост, раса, етничка припадност, потекло, религија или економски или друг статус во рамките на една држава. Оваа цел исто така се однесува на нееднаквостите меѓу државите, вклучувајќи ги оние поврзани со официјално претставување, миграцијата и помошта во развојот.
Меѓународната заедница направи значителни чекори кон извлекување на луѓето од сиромаштијата. Најранливите нации – најмалку развиените држави, земјите во развој кои не излегуваат на море и земјите во развој на Малите Острови продолжуваат да прават исчекор кон намалување на сиромаштијата. Меѓутоа, нееднаквостите сеуште се присутни, а големите разлики во пристапот до здравствени, образовни и други услуги сеуште постојат.
Таргетите се:
10.1 До 2030 година прогресивно постигнување и одржување на растот на приходот на најдолните 40 проценти од населението со стапка повисока од националниот просек.
10.2 До 2030 година зголемување и промовирање на социјалната, економската и политичката инклузија за сите, без оглед на возраста, полот, попреченоста, расата, етничката припадност, потеклото, религијата и економскиот или друг статус.
10.3 Обезбедување на еднакви можности и намалување на нееднаквостите во разултатите, вклучувајќи елиминирање на дискриминаторските закони, политики и практики и промовирање на соодветно законодавставо, политики и активности во тој поглед.
10.4 Прифаќање на политики, особено фискални политики и политики за плати и социјална заштита и прогресивно постигнување на поголема еднаквост.
10.5 Подобрување на регулирањето и мониторингот на глобалните финансиски пазари и институции за зајакнување на имплементацијата на таквите одредби.
10.6 Да се обезбеди поголема застапеност и право на глас за земјите во развој во донесувањето на одлуки за глобалните интернационални економски и финансиски институции, со цел да се обезбедат поефикасни, кредибилни, одговорни и легитимни институции.
10.7 Овозможување на мирна, безбедна, регуларна и одговорна миграција и мобилност на луѓето, вклучително и преку планирани и добро менаџирани миграциони политики.
10.А Имплементирање на принципот на посебен диференцијален третман за земјите во развој, особено најмалку развиените земји, во согласност со договорите на Светската Трговска Организација
10.Б Поддршка на официјалната развојна помош и финансиски текови, вклучувајќи и странски директни инвестиции за земјите каде тоа е најпотребно, особено најмалку развиените земји, африканските земји, малите островски земји во развој и земјите кои не излегуваат на море, во согласност со нивните национални планови и програми.
10.Ц До 2030 година да се намалат на помалку од три проценти трансакциските трошоци за испраќање пари за мигрантите и да се елиминираат коридорите за испраќање пари со трошоци повисоки од пет проценти.
Нееднаквостите базирани врз приходите, полот, возраста, попреченоста, сексуалната ориентација, расата, класата, етничката припадност, религијата и можностите продолжуваат да опстојуваат насекаде низ светот, во рамките на државите и меѓу државите. Нееднаквоста го загрозува долгорочниот социјален и економски развој, го кочи намалувањето на сиромаштијата и го уништува чувството на исполнетост и самовреднување кај луѓето. Ова пак, од друга страна, може да предизвика појава на криминал, болести и деградација на животната средина. И што е најважно, ние не можеме да постигнеме одржлив развој и да ја направиме планетата подобра за сите ако луѓето се исклучени од можностите, услугите и шансите за подобар живот.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Намалувањето на нееднаквостите бара трансформативна промена. Потребни се поголеми напори да се искоренат екстремната сиромаштија и гладот, и да се инвестира повеќе во здравството, образованието, социјалната заштита и пристојните работни места, посебно за младите, мигрантите и бегалците и другите ранливи категории. Многу е важно во рамките на самите држави да се поттикне и промовира инклузивен социјален и економски раст. Можеме да обезбедиме еднакви можности и да ги намалиме нееднаквостите во приходите ако ги елиминираме дискриминаторските закони, политики и практики. Потребно е да се погрижиме, помеѓу државите, оние кои се во развој да бидат се поприсутни во носењето одлуки за глобалните прашања, така што решенијата би можеле да бидат поефективни, покредибилни и поодговорни. .
Владите и другите засегнати страни можат исто така да промовираат безбедна, регуларна и одговорна миграција, вклучена преку планирани и добро менаџирани политики, за милиони луѓе кои ги напуштиле своите домови барајќи подобар живот како разултат на војна, дискриминација, сиромаштија, недостаток на можности и други причинители на миграција. Тоа може и треба да се постигне за да се обезбеди достоинствен живот за сите. Политичките, економските и социјалните политики треба да бидат универзални и да посветат посебно внимание на потребите на обесправените и маргинализираните заедници. Неодамнешните статистики покажаа дека сето тоа е можно. Помеѓу 2010 година и 2016 година, во 60 од 94 земји со податоци приходите од најсиромашните 40 проценти од населението пораснале побрзо од оние на целото население.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 10 – Намалени нееднаквости
– Искоренување на сиромаштијата
– Искоренување на гладот
– Добро здравје и благосостојба
– Квалитетно образование
– Родова еднаквост
– Чиста вода и канализација
– Достапна и чиста енергија
– Пристојна работа и економски раст
Десеттата цела на Одржлив Развој повикува на зголемување на приходот на најдолните 40 проценти од населението и намалување на нееднаквостите врз база на приход, пол, возраст, попреченост, раса, класа, етничка припадност, религија и можности со усвојување на релевантни политики и законодавство. Таа исто така има за цел да го подобри регулирањето и мониторингот на финансиските пазари и институции. Десеттата цела на Одржлив Развој се однесува на нееднаквостите меѓу државите со поттикнување на помош во развојот и странски директни инвестиции во регионот каде има најголема потреба за тоа, промовирајќи ја имплементацијата на принципот на посебен и диференциран трговски третман за земјите во развој и нивна застапеност во донесувањето на одлуки во глобалните економски и финансиски институции.
Десеттата цела на Одржлив Развој се стреми кон промовирање на социјална инклузија главно преку обезбедување на сигурна, уредна и регуларна миграција и намалување на трансакциските трошоци за испраќање пари за мигрантите.
Мониторингот на десеттата цела на Одржлив Развој во контекст на ЕУ се фокусира на напредокот постигнат во намалувањето на нееднаквостите помеѓу државите и во рамките на државите, како и обезбедување социјална инклузија и безбедна миграција.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 10- Намалени нееднаквости и стекнувањето на вештини на 21 век
Образованието е врвен приоритет на УНЕСКО бидејќи тоа е основно човеково право и претставува основа за градење на мир и поттикнување на одржлив развој.
Тргнувањето по патот на одржливиот развој ќе бара длабока трансформација на начинот на кој размислуваме и дејствуваме. За да се креира поодржлив свет и да се вклучат поединци во прашања поврзани со одржливост, како што е опишано во Целите на Одржлив Развој, тие мора да станат одржливи креатори на промени. Тие бараат знаење, вештини, вредности и ставови кои им овозможуваат да придонесат за одржлив развој. Оттука произлегува дека образованието е клучно за постигнување на одржлив развој.
Цели на учењето за Десеттата цела на Одржлив Развој – Намалени нееднаквости
1.Ученикот ги знае различните димензии на нееднаквоста, нивните меѓусебни односи и применливи статистики.
2. Ученикот знае индикатори со кои се мерат и опишуваат нееднаквостите и ја разбира нивната важност во носењето на одлуки.
3. Ученикот знае дека нееднаквоста е главен причинител на општествените проблеми и индивидуалното незадоволство.
4. Ученикот ги разбира локалните, националните и глобалните процеси кои во исто време ја промовираат и оневозможуваат еднаквоста (фискални и платежни политики и политики на социјална заштита, корпоративни активности итн.)
5. Ученикот ги разбира етичките принципи поврзани со еднаквоста и е свесен за психолошките процеси кои го засилуваат дискриминаторското однесување и донесувањето на одлуки.
Цели на социо-емоционалното учење
1.Ученикот е способен да ја подигне свеста за нееднаквостите
2.Ученикот може да почувствува емпатија и да покаже солидарност кон луѓето кои се дискриминирани
3.Ученикот е способен да преговара за правата на различни групи базирани на заеднички вредности и етички принципи.
4. Ученикот станува свесен за нееднаквостите во неговото опкружување, како и пошироко и е способен да ги препознае проблематичните последици.
5. Ученикот е способен да ја одржува визијата за праведен и еднаков свет.
Цели на бихевиористичкото учење
1.Ученикот е способен да ги процени нееднаквостите во својата локална средина во однос на квалитетот ( различни димензии, квалитативно влијание врз поединци) и квантитетот ( индикатори, квантитативно влијание врз поединци).
2. Ученикот е способен да идентификува и развие објективен индикатор за споредување на различни групи, нации и слично во однос на нееднаквостите.
3. Ученикот може да идентификува и анализира различни видови на причинители на неднаквости.
4. Ученикот е способен да планира, имплементира и оценува стратегии за намалување на нееднаквостите.
5. Ученикот е способен да се вклучи во развојот на јавните политики и корпоративни активности кои ги намалуваат нееднаквостите.