Цел на Одржлив Развој 12
Вовед
Севкуна цел на Цел на Одржлив Развој 12 – Одговорна потрошувачка и производство
Дванаесеттата цел на Одржлив Развој – Одговорна потрошувачка и производство е една од седумнаесетте цели на Одржлив Развој поставена од Обединетите Нации во 2015 година. Официјалната формулација на дванаесеттата цел на Одржлив Развој е „Да се обезбедат одржливи модели на потрошувачка и производство“. Дванаесеттата цел на Одржлив Развој е замислена да обезбеди добра искористеност на ресурсите, подобрена енергетска ефикасност, одржлива инфраструктура и пристап до основните услуги, пристојни вработувања и воопшто обезбедување на поквалитетен живот за сите. Дванаесеттата цел на Одржлив Развој има 11 таргети кои треба да се постигнат барем до 2030 година, а напредокот на целите се мери со користење на 13 индикатори. Таргетите се:
Цел 12.1: Имплементирање на десетгодишна рамка на одржлива потрошувачка и производство
Цел 12.2: Одржливо менаџирање и користење на природни ресурси
Цел 12.3: Преполовување на глобалниот губиток на храна по глава на жител
Цел 12.4: Одговорно менаџирање со хемикалии и отпад
Цел 12.5: Значително намалување на создавањето на отпад
Цел 12.6: Охрабрување на компаниите да прифаќаат одржливи практики и известувања за одржливоста
Цел 12.7: Промовирање на одржливи практики за јавни набавки
Цел 12.8: Промовирање на универзално сфаќање на одржливиот животен стил
Цел 12.а: Поддршка на научниот и технолошкиот капацитет на земјите во развој за одржлива потрошувачка и производство
Цел 12.б: Развивање и имплементирање на алатки за мониторинг на одржливиот туризам
Цел 12.ц: Отстранување на изобличувањата на пазарот кои поттикнуваат расипничка потрошувачка
Според Програмата за Животна Средина на Обединетите Нации, Одржливата Потрошувачка и производство се однесуваат на „ употребата на услуги и слични производи кои одговараат на основните потреби и носат поквалитетен живот минимизирајќи ја употребата на природни ресурси и токсични материјали, како и емисијата на штетни материи и загадувачи во текот на животниот циклус на услугата или производот за да не се загрозат потребите на идните генерации.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Образованието за Одржлив Развој е сеопфатно обравование и образование на промени кое се фокусира на содржината и исходите од учењето, педагогијата и средината за учење. Ова подразбира дека на граѓаните им е потребно знаење, вештини, вредности и ставови кои ќе им овозможат да соработуваат во одржливиот развој. Образованието за Одржлив Развој бара трансформативна педагогија ориентирана кон активности која промовира автономно учење, учество и соработка, рашавање проблеми, интердисциплинарност и трансдисциплинарност и поврзано формално и неформално учење. Само ваквите педагошки пристапи ќе го овозможат развојот на клучните компетенции потребни за промовирање на одржливиот развој во 21 век.
Концепт кој е тесно поврзан со Образованието за Одржлив Развој и Образованието на Глобалното Граѓанство е концептот на педагогијата на одржливост, но тоа едвај и да се споменува во сегашните дискусии за образованието и учењето во контекст на социо – еколошка одржливост и одржлив развој. Подучувањето за прашањата на одржлив развој е предизвик бидејќи вклучува знаења од повеќекратни дисциплини, а вештините на 21 век се критичка референтна точка за развивање на овие амбициозни профили на знаења и вештини кај учениците ( а исто и кај наставниците), очекувајќи дека тие ќе станат „идните решавачи на проблеми“, „претставници на промените“ и „менаџери на транзицијата“. Концептот на учење ја вклучува важноста на индивидуалниот ученик во процесот, фокусот на суштинското учење и моќта за промени на Информатичката Технологија, а сето тоа води кон концептот на персонално учење. Персоналното учење има потреба од моќта на поврзување на Информатичката Технологија за да развие начини на размислување и учење кои ќе го ослободат и зајакнат ученикот.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 12 – Одговорна потрошувачка и производство
Со децении, научниците се обидуваат да ги објаснат начините на кои човештвото се справува со трите планетарни кризи со климата, биодиверзитетот и загадувањето, секоја од нив посебно поврзани со неодржливото производство и потрошувачка. Промените во моделите на потрошувачката и производството можат да помогнат во промовирањето на разделување на економскиот раст и човечката благосостојба од употребата на ресурсите и влијанието врз животната средина. Тие, исто така, можат да ги поттикнат трансформациите предвидени во глобалните заложби за биодиверзитетот, климата и одржливиот развој воопшто. Од 2017 до 2020 година 83 држави и територии од Европската Унија споделиле информации за нивниот допринос кон имплементацијата на десет-годишната Рамка од Програмата за Одржливи модели на потрошувачка и производство. Во 2020 година, беа прикажани 136 политики и 27 активности за имплементирање, со што вкупната бројка се искачи над 700. И покрај тоа што беа преземени конкретни активности за подобрување на ефикасноста на користењето на ресурси во одредена индустрија или област, тоа не покажа резултати во нивното широко прилагодување низ секторите и индустриите. Иако се достапни само ограничени податоци, од 2016 година скоро 14 проценти од храната произведена на глобално ниво се губи уште пред да стигне до малопродажниот сектор. Проценките се различни во различни региони, од 20.7 проценти во Централна и Јужна Азија до 5.8 проценти во Австралија и Нов Зеланд. Во 2019 година, количината на произведен е-отпад беше 7.3 кг. по глава на жител, а било документирано дека само 1.7 кг. по глава на жител се менаџира на еколошки одржлив начин. Се очекува производството на е-отпад да се зголемува за 0.16 кг. по глава на жител годишни и да достигне 9 кг. по глава на жител во 2030 година. Годишната стапка на раст во рециклирањето на е-отпад во последната деценија беше 0.05 кг. по глава на жител, и ќе биде потребно да се зголеми повеќе од десет пати за да се рециклира целиот е-отпад до 2030 година. Почнувајќи од декември, 2020 година, 40 држави и територии поднеле извештаи за одржливите политики за јавни набавки и акциони планови или еднакви законски одредби насочени кон поттикнување на набавката на еколошки здрави и енергетски ефикасни производи, како и промовирање на социјално поодговорни практики и одржливи синџири на снабдување. Се надеваме дека : до 2030 година ќе се постигне одржливо менаџирање и ефикасна употреба на природните ресурси, ќе се преполови глобалното губење на храна по глава на жител на малопродажни и потрошувачки нивоа и ќе се намалат загубите на храна од синџирите на производство и снабдување, вклучувајќи ги тука и жетвените загуби, во согласност со договорените интернационални рамки ќе се постигне еколошко менаџирање со хемикалиите и отпадот во текот на нивниот животен циклус и значително ќе се намали нивното испуштање во воздухот, водата и почвата со цел да се минимизираат нивните лиши влијанија врз здравјето на луѓето и животната средина, значително ќе се намали создавањето на отпад преку превенција, намалување, рециклирање и повторна употреба, ќе се поттикнат компаниите, особено големите и меѓународните да усвојат одржливи практики и да ги интегрираат информациите за одржливост во нивниот циклус за известување, во согласност со националните политики и приоритети ќе промовираат одржливи практики за јавна набавка, ќе гарантираат дека луѓето насекаде имаа соодветни информации и се свесни за одржливиот развој и начинот на живот во хармонија со природата, ќе ги поддржуваат земјите во развој да ги зајакнат своите научни и технолошки капацитети кои ќе ги придвижуваат кон поодржливи модели на потрошувачка и производство, ќе имплементираат алатки за следење на влијанијата од одржливиот развој врз одржливиот туризам кој создава работни места и ја промовира локалната култура и производи, ќе ги рационализираат субвенциите за фосилни горива кои поттикнуваат непотребна потрошувачка преку отстранување на неправилностите на пазарот, во согласност со националните услови, вклучувајќи реструктуирање и постепено оданочување на овие штетни субвенции онаму кадешто постојат, за да се одразат нивните влијанија врз околината, целосно земајќи ги во предвид специфичните потреби и услови на земјите во развој и минимизирање на можните лоши влијанија врз нивниот развој на начин кој ќе ги штити сиромашните и засегнатите заедници.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 12 – Одговорна потрошувачка и производство и стекнувањето на вештини на 21 век
Создавањето знаење, како и неговото усвојување, валидност и употреба мора да биде заедничко за сите луѓе како дел од колективниот социјален труд. Од друга страна, некои од овие вештини се тешки за поучување само со традиционални методи, кои се сеуште ефикасни во промовирање на учењето. Овие вештини мора да се развиваат од самите индивидуи преку активности базирани врз лично искуство и рефлексија. Вклучувањето на Целите на Одржливиот развој во наставната програма бара системско размислување и интердисциплинарни пристапи, како и педагошки иновации, интерактивно, експериментално и променливо учење за реалниот свет. Вештините од 21 век се различни од вештините од 20 век, првенствено поради појавата на високо софистицирани, информатички и комуникациски технологии. Организациите кои се залагаат за вештините на 21 век имаат широко конзистентни рамки во однос на тоа што треба да биде додадено во наставната програма, иако различни групи ставаат акцент на различни области во рамките на целокупната група на вештини. Користејќи ја рамката П21 како почетна точка, можат да се најдат на пример групи кои се фокусираат на техничките вештини, заедно со оние кои промовираат дигитална писменост, нагласувајќи ја информатичката и комуникациската флуентност преку технологиите како најважна, а грижата на Организацијата за Економска Соработка и Развој (ОЕСР) за исполнувањето на Целите на Одржлив Развој, особено оние во однос на поврзувањето и дигиталната писменост, ќе ги гарантира вештините на 21 век. Така, во извештајот на Организацијата за Економска Соработка и Развој (ОЕСР) од 2019 година се посочува дека овие вештини можат да бидат засилени во дигитални средини, со прилагодување на процесот на учење од страна на учениците со нивно сопствено темпо. Рамката П21 исто така ги нагласува животните и кариерните вештини, вештините за учење и иновации, информатичките вештини, медиумите и технологијата, како и најзначајните наставни предмети и теми на 21 век. Клучен елемент во примната на дигиталните технологии е флексибилноста на дизајнот, која одговара на потребата од промовирање на педагошки методологии насочени кон учениците.