Цел на Одржлив Развој 13
Вовед
Севкупна цел на Цел за Одржлив Развој 13 – Акција за справување со климатските промени
Да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание
Денес, најголемите предизвици со кои се соочува човештвото се климатските промени и намалувањето на биолошката разновидност. Во последниве години, сите ние веќе ги чувствуваме ефектите од постепеното зголемување на просечната атмосферска температура. За жал, овие трендови веројатно ќе се интензивираат во иднина. Научниците се на мислење дека за таа цел, ние мора да го стопираме затоплувањето на Земјата под 1,5 степен Целзиусов во споредба со започнувањето на Индустриската раволуција. Токму поради тоа, штетните емисии одговорни за ефектот на стаклена градина мора да се преполоват до 2030 година.
Климата отсекогаш била предмет на природните процеси кои ја менувале. Ова е сосема природно и се должи на факторите како што се промени во морските струи, вулкански активности, моќта на сончевата енергија и природните катастрофи предизвикани од урагани и земјотреси.
На крајот на краиштата, климатските промени се резултат на долгорочните промени во временските услови – од неколку децении до милиони години. Кога зборуваме за климатските промени во текот на илјадници или милиони години, причината за глобалното затоплување или заладување на планетата се должи на променетата орбита на Сонцето. Тоа се движи според таканаречените Миланкович Циклуси, кои низ историјата го предизвикале леденото доба и екстремно жешкото глобално затоплување. Она што е необично во нашиот случај сепак е дека за релативно краток период од последните 150 години, климата на Земјата значително се има променето. Токму поради тоа, многу е важно добро да се разбере зошто причините за глобалното затоплување драстично се акумулирале толку брзо.
Повеќе студии недвосмислено докажуваат дека просечната глобална температура нагло се зголемила од средината на дваесеттиот век. Овој феномен е наречен глобално затоплување и е предизвикан од човечки фактор. Главниот виновник за тоа е испуштениот јаглероден диоксид, резултат на согорувањето на фосилните горива како што се нафта или јаглен. Човечките активности се главни причини за глобалното затоплување од околу еден степен Целзиусов, споредено со ерата на прединдустријализацијата. Помеѓу 2030 година и 2050 година порастот на температурата веројатно ќе се зголеми за 1,5 степени Целзиусови. За многумина, оваа врдност интуитивно не изгледа толку скандалозно, но истражувањата се јасни дека таквото глобално затоплување има многу сериозни последици.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
– Систематизирајќи ги знаењата во училишната возраст во текот на една деценија за својствата и ефектите од приоритетите поставени од гледна точка на светлината и уредите за осветлување препознатливи низ историјата, десетина и повеќе научници ќе го проучуваат и оценуваат резултатот од развојот на цивилизацијата кон реалноста и разбирањето.
– Проширување на хоризонтите за енергетските ресурси и културата за заштеда на енергија формирана врз вештините на енергетско однесување на околината, учениците и родителите.
– Развивање на ученикот врз база на љубопитност, креативност, когнитивна активност и способност да го користи знаењето и стекнување навики за различни активности и однесувања.
Клучни димензии на Цел за Одржлив Развој 13 – Акција за справување со климатските промени
Климатските промени влијаат на секоја земја на сите континенти. Луѓето го чувствуваат значителното влијание на климатските промени, кои што вклучуваат промена во климатските услови, зголемување на нивото на морето и поекстремни временски неприлики. Емисиите на гасови од стаклената градина предизвикани од човечки активности доведуваат до климатски промени и продолжуваат да се зголемуваат. Сега се наоѓаат на своето највисоко ниво во историјата. Без преземање мерки, просечната температура во целиот свет се очекува да расте во текот на 21 век и веројатно ќе надмине пораст од 3 степени Целзиусови овој век, а некои делови се очекува да се затоплат уште повеќе. Најсиромашните и најранливите категории луѓе се најпогодени.
Која е целта овде?
– Да се преземе итна акција во борбата со климатските промени; – Зошто?
Климатските промени се предизвикани од човечката активност и го загрозуваат начинот на живот а и иднината на нашата планета. Со справувањето со климатските промени, ние можеме да изградиме одржлив свет за сите. Но мора да дејствуваме сега. Дали животите на луѓето навистина зависат од климатските промени? – Да. Лошото време и зголемувањето на нивото на морето влијаат врз луѓето и нивните имоти како во развиените земји така и во земјите во развој. Од малиот земјоделец на Филипините до бизнисменот во Лондон, климатските промени ги погодуваат сите, особено сиромашните и ранливите, како и групите луѓе што се наоѓаат на маргините, како жените, децата и постарите лица. Ако го игнорираме проблемот со климатските промени, ќе свртиме грб на најголем дел од напредокот што е постигнат до сега. Проблемите со недостиг на храна и недостиг на вода постојано ќе се продлабочуваат, што можа пак од друга страна да доведе до конфликт.
Можеме ли да го решиме овој проблем или е премногу доцна за да се дејствува? Ние со сигурност можеме да се справиме со климатските промени, но нашите напори треба значително да се зголемат. Светот треба да ја трансформира својата енергија, индустрија, транспорт, храна, земјоделство и шумарство како системи за да го ограничи порастот на глобалната температура за максимум 2 степени Целзиусови, можеби дури и за 1,5. Исто така, треба да предвидиме, прилагодиме и создадеме одржливи механизми за справување со сегашните и идните влијанија од климатските промени.
Интеракција меѓу Цел за Одржлив Развој 13 – Акција за справување со климатските промени и стекнувањето на вештини на 21 век
Понудени се полесно достапни решенија кои им овозможуваат на земјите да се движат кон почисти и поодржливи економии. Темпото на промени се забрзува бидејќи се повеќе и повеќе луѓе се фокусираат на користење на обновливи извори на енергија и голем број други мерки кои ги намалуваат емисиите на штетни гасови и ги зголемуваат напорите за адаптација. За жал, климатските промени се глобален предизвик кој не ги почитува националните граници. Емисиите на штетни гасови ги погодуваат луѓето насекаде. Ова е прашање кое бара решенија кои треба да се координираат на интернационално ниво и кои бараат меѓународна соработка за да им се помогне на земјите во развој да се движат кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод.