Цел на Одржлив Развој 2
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 2- Нула Глад
Севкупната цел на Цел на Одржлив развој 2 е да се стави крај на гладта, да се постигне безбедност на храната и да се подобри исхраната, а да се промовира одржливото земјоделство. Целта е да се осигураме дека сите и секаде имаат доволно квалитетна храна за да водат здрав живот. Постигнувањето на оваа цел ќе бара подобрен пристап до храна и широко распространета промоција на одржливо земјоделство. Ова изискува подобрување на продуктивноста и приходите на малите земјоделци, промовирајќи еднаков пристап до земја, технологија и пазар, одржлив систем на производство на храна, и издржливи земјоделски практики. Исто така бара зголемени инвестиции низ маѓународна соработка за да го се зајакне продуктивниот капацитет на земјоделството во земјите во развој..
Обединетите Нации имаат дефинирано 8 таргети и 13 индикатори за Цел на Одржлив Развој 2. Таргетите се:
Цел 2.1: Универзален пристап до сигурна и храна со висока хранлива вредност
Цел 2.2: Крај на сите форми на неухранетост
Цел 2.3: Удвојување на реподуктивноста и приходите од малите произведувачите на храна
Цел 2.4: Одржливо производство на храна и издржливи земјоделски практики
Цел 2.5: Одржување на генетската разновидност во производството на храна
Цел 2.A: Инвестирање во рурални инфраструктури, земјоделски истражувања, технологија
Цел 2.B: Да се спречи земјоделското трговско ограничување, неправилностите на пазарот и извозните субвенции
Цел 2.C: Да се обезбедат стабилни прехрамбени стоковни пазари и навремен пристап до информации
Трите “средства за постигнување” на целите вклучуваат: справување со трговските ограничувања и неправилности на светските земјоделски и прехрамбени пазари и нивните деривати. Четири од целите треба да бидат остварени до 2030 година, една до 2020, и останатите три немаат крајни рокови. За да се постигне успех со Втората цел на Одржливиот Развој светот треба да изгради политичка волја и сопственост на земјата. Исто така треба да се подобри наративот околу исхраната за да бидеме сигурни дека е правилно разбран од страна на политичките лидери и да се сшрави со родовата нееднаквост, географската нееднаквост и апсолутната сиромаштија.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Целите на Одржлив Развој се дизајнирани за да ги зближат луѓето и да го подобрат животот во насекаде низ светот. Тие се збир на заеднички цели, креирани од Обединетите Нации да ни помогнат да ги надминеме различните глобални предизвици. Тие се стремат да ги усогласат трите основни елементи за иднината: економски раст, социјалната инклузија, иб заштитабна животната средина.
Целите на Одржлив Развој играат голема улога во денешните училници. Како план за правење на светот подобро место, овие цели можат да помогнат да се ангажираат учениците и да информираат за наставните планови. Целите на Одржлив Развој ја разградуваат секоја цел на збир од остварливи под-цели. Наставниците можат да ги користат овие под-цели за да им ги покажат на нивните ученици начините на кои тие можат да придонесат за подобрувањето на светот во кој што живеат.
Учениците ќе добијат подобри знаења за предизвиците со кои се соочуваат не само во нивните животи, туку и во животите на сите луѓе во светот. Овие Цели на Одржлив Развој ги истакнуваат структурите на нашето општество – економска,правна, и политичка – и нивните комплексности. Тие фрлаат светлина врз тешкотиите за кои учениците можеби не се ни свесни или ги земаат здраво за готово. Голема предност во учењето за Целите на Одржлив Развој е дека ги запознава студентите со различни заедници и искуства, надвор од оние со кои тие се запознаени. За возврат, ова ја поттикнува емпатијата во училниците.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 2- Нула Глад
Клучните димензии за Втората Цел на Одржливиот Развој се да се намали гладта, да се постигне безбедност на храната, да се подобри исхраната и да се промовира одржливото земјоделство. За жал, во последните години сите светски истражувања покажаа дека бројот на луѓе кои гладуваат почнал повторно полека да се зголемува во 2015. Проценето е дека околу 690 милиони луѓе се гладни, или попрецизно 8.9% од светската популација- зголемено за 10 милиони луѓе во една година и приближно 60 милиони во пет години. Светот не е во можност да го искорени гладувањето до 2030 година. Светските прехрамбени програми покажуваат дека 135 милиони страдаат од голем глад, најмногу поради конфликти предизвикани од луѓето, климатски промени и економски падови, но пандемијата со Ковид 10 се заканува да ја дуплира оваа бројка. Најнеопходно е да бидат организирани акции за да се обезбеди храна и хуманитарна помош за најризичните региони. Ние мора да ставиме крај на гладта и да осигураме пристап за сите луѓе, посебно за сиромашните и луѓето од ранливите категории. Да се стави крај на сите форми на неухранетост, да се удвои земјоделското производство и приходите од малите производители на храна, да се обезбедат одржливи прехрамбени системи и да се имплементираат земјоделските практики кои ќе ја зголемат продуктивноста и производството, за да се помогне во одржувањето на еко системи кои се потребни во адаптацијата на климатските промени. Одржување на генетска разноликост на семиња, култивирани растенија и припитомени животни и нивните сродни диви видови, сето тоа да се постигне на национално, регионално и интернационално ниво. Да се зголеми инвестирањето преку меѓународни соработки, развој на технологијата и погоните за да се помогне во јакнењето на земјоделски продуктивните капацитети во земјите во развој. Да се спречат и да се поправат трговските ограничувања и неправилности на светските земјоделски пазари и да се донесат мерки за да се осигура правилно функционирање на пазарите за храна и нивните деривати.
Интеракција помеѓу Цел на Одржлив Развој 2- Нула Глад и усвојувањето на вештините на 21 век
Наставниците и експертите за работа, често предупредуваат дека нашите деца имаат потреба од подобрени вештини на 21-от век. Без овие вештини, тие нема да можат успешно да учествуваат во глобалната економија. Тие нема да бидат адекватно подготвени за факултет и работа. Поширок опсег на вештини е потребен за учење, комуникација, соработка и решавање на проблеми во дигиталната околина. Вештините на дваесет и првиот век се идентификувани од УНЕСКО, Организацијата за Економска Соработка и Развој (ОЕСР) и други како компетенции кои ќе бидат потребни за одржлива иднина на општеството на знаење. Целта е да се научат принципите на дизајнирање вклучени во инкорпорирањето на овие вештини во наставна програма, за да се најдат можните начини за нивно подучување и оценување и да се испита како овој процес може да биде персонлизиран користејќи Информациска и Комуникациска Технологија (ИКТ). Иако инкорпорирањето на вештините од 21-от век во наставна програма, методите на настава и употребата на Информациска и Комуникациска Технологија (ИКТ) се теми кои постојано се повторуваат, се уште има потреба од понатамошно истражување во диајнот и имплементацијата на нови инструменти за оценување, и начини на кои процесот на настава и учење би можел да се персонализира.