Цел на Одржлив Развој 11
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 11- Одржливи градови и заедници
Единаесеттата цел на одржливиот развој тежи кон реновирање и планирање на градовите и другите човечки населби на начин кој нуди можности за сите, со пристап до основните услуги, енергија, домување, транспорт и зелени јавни површини, намалувајќи ја притоа употребата на ресурси и влијанието врз животната средина. Единаесеттата цел на одржливиот развој е „ Да се направат градовите инклузивни, безбедни, прилагодливи и одржливи“. Целите од единаесеттата цел на одржливиот развој вклучуваат инвестирање во јавниот транспорт, создавање на зелени јавни површини и подобрување на урбаното планирање и менаџирање на партиципативни и инклузивни начини. Единаесеттата цел на одржливиот развој има десет таргети:
Цел 11.1: Безбедно и пристапно домување
Цел 11.2: Пристапни и одржливи транспортни системи
Цел 11.3: Инклузивна и одржлива урбанизација
Цел 11.4: Да се заштити светското културно и природно наследство
Цел 11.5. Да се намалат лошите ефекти од природните катастрофи
Цел 11.6: Да се намали влијанието на градовите врз животната средина
Цел 11.7: Да се обезбеди пристап до безбедни и инклузивни зелени јавни површини
Цел 11.а: Силно национално и регионално развојно планирање
Цел 11.б: Да се имплементираат политики на вклучување, ефикасност на ресурсите и намалување на ризикот од катастрофи
Цел 11.ц: Да се поддржат најмалку развиените држави во одржлива и издржлива изградба
Единаесеттата цел на Одржливиот развој има десет цели кои треба да се постигнат, а тоа се мери со петнаесет индикатори. Првите седум главни цели вклучуваат безбедно и пристапно домување, пристапни и одржливи транспортни системи, инклузивна и одржлива урбанизација, заштита на светското културно и природно наследство, намалување на штетните ефекти од природните катастрофи, намалување на влијанието што градовите го имаат врз животната средина и обезбедување пристап до безбедни и инклузивни зелени јавни површини. Трите „средства за постигнување на целите“ вклучуваат силно национално и регионално развојно планирање, имплементирање на политики на вклучување и ефикасност на ресурсите и намалување на ризикот од катастрофи во поддршката на најмалку развиените земји во одржливата изградба.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Единаесеттата цел на одржлив развој има за цел да промовира инклузивни, безбедни, издржливи и одржливи градови и населби за живеење. Целта на тоа е менаџирање на урбаниот развој. Добро управуваните градови би можеле да бидат столбови на иновациите и просперитетот и да ги идентификуваат и одговорат на основните физички, социјални и психолошки човечки потреби во сооднос со населбите за живеење како што се помалите и големите градови.
Единаесеттата цел на одржлив развој е важна за образовната заедница бидејќи им помага на учениците да ги применуваат основните принципи на одржливо планирање и изградба и да ги идентификуваат можностите со кои ќе ја направат својата општина поодржлива и поинклузивна.
Учењето за единаесеттата цел на одржлив развој може да се одрази на улогата на локалните носители на одлуки и на партиципативното управување и како да се претстават со одржливо учество во планирањето и политиката на нивната општина.
Тоа може да им помогне на учениците да се вклучат во општинските групи и локални системи за планирање на идни одржливи визии за нивните општини.
Тоа исто така би можело да им помогне на ученицте да планираат, имплементираат и оценуваат одржливи општински проекти.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 11- Одржливи градови и заедници
Намалувањето на ризикот од катастрофи е составен дел од социјалниот и економскиот развој и е од суштинско значење за одржливиот развој во иднина. Ова е претставено во неколку глобални документи за намалување на ризикот од катастрофи и одржлив развој. Агендата за Одржлив Развој 2030 ги препознава и реафирмира итните потреби од намалување на ризикот од катастрофи. Како додаток на директните препораки од разултатите произлезени од Третата Конференција на Обединетите Нации за намалување на ризикот од катастрофи ( Сендаи Рамка), постојат и специфични можности за постигнување на намалувањето на ризикот од катастрофи, како на пример намалување на изложеноста на сиромашните и ранливите на ризик од катастрофи и изградба на издржлива инфраструктура. Постојат исто така и неколку цели кои можат да придонесат во намалувањето на ризикот од катастрофи и издржливи градби дури и онаму каде намалувањето на тој ризик не е доволно јасен. Целите поврзани со промовирање на образование за одржлив развој од Четвртата цел на Одржливиот Развој како што се изградба и унапредување на образовни капацитети и обезбедување здрав живот, како и целите од Единаесеттата цел на Одржлив Развој (градови) и од Деветтата цел на Одржлив Развој (изградба на издржлива инфраструктура) ја потврдуваат меѓусебната врска меѓу намалување на ризикот од катастрофи и одржливиот развој.
Улогата на транспортот во одржливиот развој беше за прв пат претставена на Самитот на Обединетите Нации за Планетата Земја во 1992 година и засилена во неговиот документ со исходи – Агенда 21. Во преземањето на петгодишниот преглед на имплементацијата на Агендата 21 за време на деветнаесеттата Специјална Сесија во 1997 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации понатака ќе забележи дека, во следните дваесет години се очекува дека транспортот би бил главната движечка сила на растечката побарувачка на енергија во светот. Глобалното внимание на транспортот е во фокусот и во последниве години. Одржливиот транспорт може да го засили економскиот раст и да ја подобри пристапноста. Одржливиот транспорт постигнува подобро интегрирање во економијата преку грижата за животната средина, подобрувањето на социјалното единство, здравјето, изджливоста на градовите, урбано – руралните врски и продуктивноста на руралните средини. Во Агендата за Одржлив Развој 2030, одржливиот транспорт е вклучен низ неколку цели од одржливиот развој, посебно оние поврзани со безбедноста на храната, здравјето, енергијата, економскиот раст, инфраструктурата на градовите и другите населби за живеење. Градовите како населби за живеење се столбови за идеи, трговија, култура, наука, продуктивност и социјален, човечки и економски развој. Урбаното планирање, транспортните системи, водата, канализацијата, управувањето со отпад, намалувањето на ризикот од катастрофи, пристапот до информации, образованието и градењето на капацитети се сите суштествени прашања за одржлив урбан развој. Во 2008 година, за прв пат во историјата, бројот на глобалната урбана популација ја надмина руралната популација. Овој важен настан го означи доаѓањето на новиот „урбан милениум“, а до 2050 година се очекува дека две третини од светската популација ќе живее во урбани средини. Бидејќи повеќе од половината од човештвото живее во градовите и бројот на урбани жители се зголемува за околу 73 милиони годишно, се проценува дека урбаните средини поседуваат 70 проценти од светскиот бруто домашен производ и дека затоа ќе обезбедат економски раст и просперитет за многумина. Одржливиот Развој на населбите за живеење исто така беше дискутиран и на втората и третата сесија од Комисијата за Одржлив Развој. „Промовирање на Одржлив Развој на Населбите за Живеење“ е тема на Поглавје 7 од Агенда 21, која повикува на 1) обезбедување на адекватно засолниште за сите; 2) подобрување на управувањето со населбите за живеење; 3) промовирање на одржливо планирање и управување со земјиштето; 4) промовирање на интегрирано снабдување со екололошка инфраструктура: вода, санитарна заштита и канализација и управување со цврст отпад; 5) промовирање на одржливи енергетски и транспортни системи во населбите за живеење; 6) промовирање на планирање и менаџирање со населби во области подложни на катастрофи; 7) промовирање на одржливи активности во градежната индустрија; 8) промовирање на развој на човечки ресурси и изградба на капацитети за развој на населбите.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 11- Одржливи градови и заедници и стекнувањето на вештини на 21 век
Меѓучовечките односи се од суштинско значење во современиот живот и работното место. Оттука, подучувањето на учениците за вештините на 21 век е исто толку важно како и наставните содржини. Треба да бидеме прилагодливи, треба да бидеме креативни, треба да бидеме технолошки писмени и треба да знаеме да решаваме проблеми. Сите тие вештини ни се потребни бидејќи светот постојано се развива, и тоа со многу брзо темпо. Имаме на располагање огромен број на информации. Порано ние не баравме ништо на „Google“. Ако ни требаше одговор на некое прашање требаше да пребаруваме во енциклопедија или да посетиме библиотека. Во тоа време беше разбирливо да се паметат информациите и тоа беше корисно.
Денес имаме пристап до информации буквално во секое време и секаде. Она што е значајно сега е да бидеме во можност да се движиме низ мноштвото информации и да можеме да ги лоцираме, организираме и користиме веродостојните и точните информации. Вештината на решавање проблеми сама по себе е важна вештина, но да се биде во можност да се применат тие вештини на решавање проблеми на реални прашања и сценарија е навистина критички. Учениците треба да бидат способни да излезат од училницата, да ги започнат своите кариери, да имаат и да одгледуваат деца, да запловат во врски, да препознаат кога се искористени, да решаваат конфликти на работното место и така натаму, без вие да ги држите за рака. Тие треба да се оспособат да ги понесат тие вештини за решавање проблеми кои ги учеа затворени во вашата училница и да можат да ги применат на реални проблеми со кои ќе се соочуваат во својот живот, а да, ќе ги има многу. Можностите за градење на вештините на 21 век им помагаат на учениците да го изградат својот карактер. Многу е важно за децата, како соработливи и социјални суштества, да поседуваат емпатија, страст, инетгритет, да се морални, да работат добро со другите и уште многу повеќе.