Цел на Одржлив Развој 7
Вовед
Севкупна цел на Цел на Одржлив Развој 7 – Обезбедување пристап до сигурна, одржлива и модерна енергија за сите
Цел бр.7 од Целите на Одржлив Развој
Недостатокот од пристап до снабдување со енергија и трансформативни системи го кочи човековиот и економскиот развој. Животната средина обезбедува низа обновливи и необновливи извори на енергија, како на пример сончева енергија, енергија од ветер, хидроенергија, геотермална енергија, биогорива, природен гас, јаглен, нафта и ураниум.
Зголемената употреба на фосилни горива без превземање на активности за ублажување на влијанијата од гасовите предизвикани од ефектот на стаклена градина ќе предизвика импликации врз глобалните климатски промени. Енергетската ефикасност и зголемената употреба на обновливи извори на енергија придонесуваат за ублажување на климатските промени и намалување на ризикот од катастрофи. Одржувањето и заштитувањето на екосистемите овозможува користење и понатамошен развој на хидроенергетските извори на електрична енергија и биоенергија.
Седмата цел на Одржлив Развој има пет таргети:
Цел 7.1. До 2030 година да се обезбеди универзален пристап до сигурни, прифатливи и модерни енергетски услуги.
Цел 7.2. До 2030 година значително да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија во рамките на глобалниот микс од енергетски извори.
Цел 7.3. До 2030 година двојно да се зголеми глобалната стапка на подобрување на енергетската ефикасност.
Цел 7.а. До 2030 година да се зајакне меѓународната соработка за да се олесни пристапот до истражувања и технологија за чиста енергија, вклучувајќи обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и напредна технологија за фосилни горива, како и промовирање на инвестиции во енергетската инфраструктура и технологија за чиста енергија.
Цел 7.б. До 2030 година да се прошири инфраструктурата и да се унапреди технологијата за снабдување со модерни и одржливи енергетски услуги за сите луѓе во земјите во развој, посебно најмалку развиените земји, малите островски држави во развој, како и земјите во развој кои не излегуваат на море, во согласност со нивните соодветни програми за поддршка.
Постигнувањето на седмата цел на Одржлив Развој – обезбедување на пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите, со нејзините цели за универзален пристап, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, ќе отворат нов свет на можности за милијарди луѓе. Тоа ќе ги постави темелите за искоренување на сиромаштијата, за активности поврзани со климатските промени и за одржлив свет. Едноставно земено, без напредок во седмата цел на Одржлив Развој, ќе биде невозможно да се постигне Агендата за Одржлив Развој од 2030 година и Парискиот договор за климатските промени.
Влијанијата на животната средина врз енергетските системи вклучува локално, регионално и глобално загадување предизвикано од согорувањето на горивата, климатските промени и влијанијата врз интегритетот и стабилноста на различните екосистеми. Прецизните влијанија зависат од видот на примарниот извор на енергија, технологијата на промени, големината и локацијата на системот и други фактори. Енергијата исто така во најголем дел придонесува за проблемите со здравјето на луѓето, воглавно од загадувањето на воздухот предизвикано од согорувањето на горивата.
Зошто е тоа важно за образовната заедница?
Седмата цел на Одржлив Развој има за цел да промовира прифатлива и чиста енергија која користи обновливи извори на енергија. Важно е заедницата да се едуцира дека користењето на обновливи енергетски извори не ја загадува околината и е важно за иднината на идните генерации. Исто така е важно младите генерации да се едуцираат како да ги користат обновливите извори на енергија како и да се едуцираат за начинот на примена на модерните технологии во производството на енергија. Паметните градови ќе користат обновливи енергетски извори и ќе постигнат заштеди во финансиска смисла, истовремено задоволувајќи ги потребите на луѓето.
Седмата цел на Одржлив Развој е важна за образовната заедница затоа што им помага на учениците да го разберат начинот на кој се произведува енергија и тоа дека производството на чиста енергија е тесно поврзано со чистата околина.
Поучувањето на седмата цел на Одржлив Развој се рефлектира во улогата на носителите на одлуки и партиципативното управување за тоа како да се обезбеди производство на чиста енергија, да се заштити околината и да се добие пристап до енергија за сите членови на локалната заедница. Тоа, исто така може да им помогне на учениците да ги планираат, имплементираат и оценуваат проектите за одржлив развој.
Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 7 – Достапна и Чиста Енергија
Енергијата лежи во срцето и на Агендата за Одржлив Развој 2030 и на Парискиот договор за климатските промени. Обезбедувањето пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите луѓе до 2030 година ќе отвори нов свет на можности за милијарди луѓе преку нови економски можности и вработувања, силни жени, деца и млади луѓе, подобро образование и здравство, поодржливи, праведни и инклузивни заедници и поголема заштита и отпорност кон климатските промени.
Решенијата за обновливи извори на енергија секојдневно стануваат поефтини, посигурни и поефикасни. Нашата актуелна доверба во фосилните горива е неодржлива и штетна за планетата, па токму поради тоа мораме да го промениме начинот на производство и потрошувачка на енергија. Имплементирањето на овие нови енергетски решенија што е можно побрзо е особено значајно во борбата со справувањето со климатските промени, една од најголемите закани за нашиот опстанок.
И покрај значителниот напредок во подобрувањето на пристапот до електрична енергија во изминатава деценија, зголемената употреба на обновливи извори на енергија во секторот за електрична енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност, светот сеуште не задоволува во обезбедување на прифатлива, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите. Чистата и одржлива енергија треба да биде во срцето на одговорот на борбата со КОВИД-19 и напорите за справување со климатските промени.
Интеракција меѓу Цел на Одржлив Развој 7 – Достапна и Чиста Енергија и стекнувањето на вештини на 21 век
Личните комуникациски вештини се значајни во современиот начин на живот и на работното место. Затоа, поучувањето на учениците за вештините на 21 век е исто толку важно како и самите наставни содржини. Ние мора да бидеме прилагодливи, мора да бидеме креативни и технолошки писмени и да сме способни да решаваме проблеми.
Ние имаме пристап до информации буквално во секое време и насекаде, па затоа мораме да ги оспособиме учениците да го лоцираат проблемот, да ги најдат податоците и информациите, да ги истражат можните решенија и да извлечат заклучоци.
Решавањето на проблеми е важна вештина. Учениците мора да се оспособат да ги применуваат вештините за решавање проблеми во реалниот живот и во реалните животни проблеми.
Денес зборуваме за 4 К: критичко размислување, креативност, соработка и комуникација и овие четири вештини се значајни за модерните ученици да бидат успешни во училиштето и на работните места.
Поучувањето за важноста на чистата и прифатлива енергија преку проблемски задачи и проекти за истражување ќе придонесе за развивање на 4К вештините кај учениците и ќе го поттикне интересот на ученицте за СТЕМ (Образование кое комбинира наука, технологија, инженерство и математика).
Во исто време, со тимската работа, учениците ќе ги развијат емоционалните и социјалните вештини.Многу е важно да се примени инклузија кај учениците кои имаат протреба од тоа.
Ние треба да ги научиме учениците за иднината и идните работни места бидејќи тие ќе живеат во таа иднина.